Гугл врз основа на многу трендови ја идентификуваше куркумата како „ѕвездена“ состојка за 2016 година, а нејзиното споменување во претрагите пораснало за 56 отсто во однос на минатата година.
Што е всушност овој златен пијалок во кој се колнат вљубениците во здравиот живот и дали е добар за нас?
Својот метеорски успех, куркумата им го должи на многуте здравствени предности кои ги нуди.
Куркумата како лек во Јужна Азија се користи 4.000 години и ширум светот луѓето го додаваат во јадењата со ориз како зачин.
Меѓутоа, овој пијалок од куркума не само што има лековити и антивоспалителни својства, туку всушност е и одлична замена за кафето, а постојат многу начини на кои може да се подготви.
Еден од најголемите заговорници на здравствените предности на куркумата е Гвинет Палтроу која својот пијалок го подготвува од бадемово млеко, ѓумбир, шеќер и кокосово масло.
Други препорачуваат користење на разни видови на млеко, а дополнително богатство на вкусот му дава и додавање на мед.
Иако мелената куркума се користи во подготовка на многу јадења и сосови, сега овој пијалок се користи како антиоксиданс и поради своите антивоспалителни и антиканцерогени својства.
Еве како да го подготвите својот чудесен пијалок од куркума:
Најдобро би било да користите исушен корен од куркума, но подеднакво добра алтернатива е и правот кој ќе го додадете во млеко и ќе ја оставите целата смеса да зоврие. После тоа, додадете го млекото и медот и измешајте. Како додаток за подобар вкус можете да користите и цимет и ѓумбир.