Категории

Одлична реклама со пресврт: Момци ги поткупуваат девојките за да гледаат фудбал сами, но…

Три пара се најдоа во фокусот на новата реклама на Heineken. За време на вечера, на момците им беше дадена можност да им подарат на своите сакани 4-дневно уживање во спа-центар, за тие да можат да одат сами на забава и да го гледаат финалето на Лигата на шампионите, кое се одржа во Милано.

Момците без многу мислење избираат да ги поткупат девојките и ги испраќаат на уживање, без да знаат дека ги чека огромно изненадување.

Пораката на рекламата „Клише“ осмислена од агенцијата Публицис е до момците: „Дали некогаш си помислил дека таа може да сака фудбал исто како и ти?“

Прегледи:
487
Објавено на:
09.06.2016