Категории

КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ТОЈ Е ЗАЉУБЕН ВО ВАС?

Повеќето мажи имаат проблем со искажување на своите чувства и ретко зборуваат за своите емоции. Тие не размислуваат толку често за своите чувства, па затоа и не зборуваат за нив. Иако вашето момче не ви кажува отворено што чувствува за вас, постојат знаци преку кои тој несвесно ви ги покажува чувствата. Еве некои кои ќе ви помогнат да ги откриете неговите скриени чувства.

 Ви праќа бесмислени пораки

Ако тој ви праќа порака дека во моментот го пие вашиот омилен пијалак, дека ја слуша вашата омилена песна или можеби седи во вашето омилено кафуле, тогаш бидете сигурни дека тој е лудо заљубен во вас.

2

 Постојано ви се јавува

Неговите чести повици се дефинитивен знак дека тој е заљубен во вас. Мажите зборуваат на телефон само поради работа, итни случаи или кога сакаат да слушнат нечиј глас, а вие дефинитивно спаѓате во последната категорија.

Не добива пораки од други девојки

Девојките праќаат пораки само на момчиња кои им враќаат, па доколку забележите дека него воопшто не му стигнуваат пораки, тогаш тој ви е посветен само вам.

Бара совети за облекување

Доколку му е важно дали вам ви се допаѓаат чевлите кои сака да ги купи, тогаш му е важно вашето мислење и сака да бидете дел од неговиот живот.

Неговите пријатели забележуваат промени кај него

Мажите најдобро си ги познаваат своите пријатели и ако тие забележат некоја промена, како тоа дека често зборува за вас и ви посветува внимание, тој дефинитивно е на седмо небо.

3

Прегледи:
518
Објавено на:
11.06.2016