Џенифер Лопез се појави на црвениот килим во блуза и пантолани во нежнорозова боја и дефинитивно воодушеви со својот невообичаен избор.
Познато е дека таа сака да го покажува своето тело, коешто слободно можеме да кажеме дека изгледа совршено, иако има веќе 47 години. Меѓутоа, овојпат таа избрала нешто сосема поинакво.
Елегантната блуза со чипка во пределот на деколтето Џенифер ја вклопила со тесни пантолани во истата боја, а целата комбинација е надополнета со елегантни чевли во боја на кожа и плик-чанта во светло розова нијанса.
Фризурата на Џеј Ло за оваа пригода е опуштена и романтична, а шминката во земјени тонови дополнително ја потенцира нејзинта природна убавина.
Џенифер просто блеска позирајќи со колегите од серијата “Shades of Blue”, покажувајќи дека една жена не мора да биде разголена, за да биде секси.