Категории

Знаете ли зошто азијците јадат со стапчиња?

 

How-To-Use-Chopsticks

Кинезите, како и останатиот азиски народ, наместо лажици, вилушки и ножеви, како прибор за јадење користат стапчиња. Но, како дошло до тоа? Зошто Кинезите јадат со стапчиња? Постојат многу легенди кои зборуваат за настанувањето на стапчињата за јадење во кинеската традиција, а за тоа што е всушност вистина, голем број историчари не можат да се сложат.

Како прибор за јадење, стапчињата се појавиле за прв пат некаде меѓу 16 и 11 век пред новата ера, за време на династијата Шанг во Кина. Причината поради која за брзо време биле прифатени во Кина, а наскоро и во поголемиот дел од Азија, поради лесната изработка и едноставното раководење. Според зборовите на францускиот социолог и антрополог Жан Пјер Пулен, користењето на стапчињата за јадење претставува еден вид изразување на елеганција и софистицираност. Спротивно од тоа е начинот на кој некогаш се јадело ширум Европа. Имено, на европскиот пазар храната се сечела со оружје, со што се сакало да се покаже на кој начин аристократијата дошла на власт во државата, а тоа е насилство. Во Кина се сметало дека ладното оружје (тие сметале дека ладно оружје се ножот и вилушката) не е место  на масата кадешто се јаде.

Една друга легенда вели дека стапчињата ги измислил кинескиот цар Ју Велики кој се плашел дека ќе биде убиен, па забранил употреба на вилушки и ножеви, а кога еднаш бил доста гладен и не можел да чека јадењето целосно да се олади за да може да јаде со рацете, тој исекол две гранчиња и со нив се послужил како прибор за јадење.

За оние кои ја совладале техниката на јадење со стапчиња, тие можат да бидат особено корисни доколку се употребуваат редовно – преку користење на стапчињата се користат повеќе од 30 зглобови и 50 мускули на прстите, дланката и раката. Значи, азиската храна е баш, во здраво тело-здрав дух!

japanese_food05-thumb-680x452-3171-680x365

Прегледи:
1078
Објавено на:
13.06.2016