Категории

Ова е вашата сродна душа!

 o-OLD-COUPLE-HOLDING-HANDS-facebook

 

Според старогрчкиот мит, човекови суштества, андрогини, некогаш биле совршен спој на машко и женско. На нивната совршеност им завидувале дури и боговите, па Зевс ги преполовил на машка и женска половина, осудувајќи на тоа раздвоени да трагаат по светот, барајќи се еден со друг.

Дали од сродните души се бара секогаш да останат исти, или сродни души се оние кои поради партнерот се менуваат? Многумина ја трошат целата своја младост, некои и цел живот, во потрага по сродна душа, за тоа едно и неповторливо лице со кое животот би бил песна, која ќе ја пеат во дует.  Ова патување многумина ги чинело среќа, бракови и потомство, зошто душата која ја барале останала недостижна. Дали навистина постои ваква „друга“ половина од нас? Што кога ќе ја сретнеме, како ќе бидеме сигурни дека тоа е таа половина и дали е тоа доволно за врвна среќа?

Психијатрите и психолозите имаат рационален одговор на ова прашање: Постои љубов односно неверојатна привлечност на прв поглед, па дури и ако се почувствува во виртуелна комуникација, но тој товар на судбинска љубов не е лесно да се понесе во современиот свет. Може да се каже дека судбинските средби и сродните души навистина постојат, но често ги пропуштаме, некогаш поради неподготвеноста за жртви, некогаш поради други дилеми. Мал процент на луѓе ја реализирале сродната душа во доживотна врска.

Вистинската сродна душа веројатно е најважната личност која некогаш ќе ја сретнеш, затоа што ќе те тресне од земја и ќе те разбуди од сонот. Сродната душа никако не е некој за кој фантазираме, туку некој пред кој и со кој заеднички фантазираме и ја пишуваме стих по стих песната за нашиот дует. Сродните души не се оние кои се целосно исти како нас, туку оние кои ги имаат клучевите за сите наши брави и бравите за сите наши клучеви.

marriage-1

 

Прегледи:
944
Објавено на:
15.06.2016