Категории

РАБОТИ КОИ ЉУБОВТА ГИ ПРАВИ НА НАШЕТО ТЕЛО

Љубовта често прави да се чувствуваме посебно и убаво, но дали знаевте дека таа влијае и на нашето здравје? Научно е докажано дека љубовта има многу големо влијание врз нашиот ум и нашето тело и често пати знае да помогне при здравствените проблеми.

Помага против болка

На сите ни е познато дека љубовта не прави да се чувствуваме среќно и пријатно. Некои истражувања покажале дека за време на една прегратка се ослободува окситоцин, хормон кој помага против болки, најчесто главоболки. Исто така, кога гледаме во фотографија од саканата личност се намалува болката, бидејќи гледањето во саканата личност помага за издржување на болката, односно делува слично како аналгетик. Од друга страна, научниците докажале дека сексуалната стимулација, а особено оргазмот помагаат многу против болката. Ова е особено ефективно за болки во грбот, кога имате симптоми на артритис и грчеви.

Се грижи за срцето

Истражувањата покажуваат дека изјавувањето љубов ја намалува брзината на срцето. Ова е многу корисно за стресни ситуации и го намалува ризикот од лоша состојба на срцето. Покрај тоа, окситоцинот, познат како „хормон на љубовта“, ги намалува стресот, вознемиреноста, високиот крвен притисок и помага да се избегне и победи депресијата.

2

Помага против болести

Љубовните гестови, како држењето за раце или сексуалната активност, го зголемуваат производството на ендорфин, со што се подобрува имунолошкиот систем. На пример, луѓето кои имаат физички проблеми, а се чувствуваат сакано, имаат поголема мотивација да се борат со болеста.

Помага против несоница

Хормоните на љубовта (окситоцин и ендорфин) го спречуваат ослободувањето на кортизол, хормон одговорен за сресот, и природно помагаат за подобар одмор. Исто така, водењето љубов е еден од најдобрите третмани за добар сон.

3

Љубовта е терапија

Љубовта е терапија поради многу причина, но највеќе поради тоа што меѓу личностите што се сакаат има разбирање и разговор. Докажано е дека личноста која што ја сакате е таа што може да ви пружи најголемо внимание и разбирање. Подршката и вниманието кое си го пружаат двајца заљубени е најдобриот психички и физички лек против депресија, фобија, социјална вознемиреност и за физичката состојба.

 Го продолжува животот

Луѓето кои се во сериозна врска, особено тие што се во брак, се чувствуваат поздрави, повеќе се грижат за исхраната, повеќе се одмараат и помалку се изложени на стрес. Љубовните врски помагаат да се спречат болестите, луѓето се склони кон лошите физички состојби и со тоа нивниот живот трае подолго.

4

Прегледи:
378
Објавено на:
14.06.2016