Силните, доверливи Бикови се меѓу предводниците кога говориме за собирањето на плодови од напорната работа.
Со оглед на тоа дека неизмерно уживаат во се што е убаво и фино, Биковите сакаат да се опкружени со материјални добра.
Стабилни и конзервативни Биковите спаѓаат во најдоверливите личности во Зодијакот.
Иако понекогаш ги сметаат за тврдоглави, сепак овој знак упорно работи на секоја задача додека не ја изврши, осигурувајќи се дека се е завршено онака како треба.
Многу се креативни и уживаат кога нешто ќе произведат со сопствените раце.
Бидете подготвени да одвоите доволно време ако Бикот ви е љубовник/ца. Биковите се исклучително сензуални, а допирот им е многу важно чувство.
На ниту еден Бик нема да му се допадне, ако партнерот сака да го натера да го забрзува процесот. Партнерите обично им се од ист социјален и статусен круг и се сложуваат со Биковите со својот интелект и желба за добри нешта во животот.
Бикот очекува од својот партнер наклоноста да ја покажува со материјални нешта, да Бикот сака подароци.
Домот за Биковите е многу важен. Семејните вредности се обично силно изразени и цврсти па затоа Бикот прави се за да ги заштити.
Интелигенцијата и одличната смисла за хумор го прават овој знак одличен за друштво. Бикот често пати бара совети за разно разни практични нешта.
Еднаш кога ќе ви стане пријател и ќе ја добие вашата доверба, тој однос ќе трае до крајот на животот.
Тие се лојални и подготвени секогаш да помогнат.
Исто така тие неизмерно го ценат времето поминато со членовите на семејството. Биковите ги обожаваат децата, а секогаш се први на семејните настани како што се средби и празнични собирања.
Стабилноста е клучен збор за овој знак. Биковите ги сакаат парите и не им е страв да работат исцрпувачки за да дојдат до нив.
На работното место, се доверливи, трпеливи и темелни. Еднаш кога ќе се одлучат за некој проект ќе истраат додека не го завршат без разлика колку е комплициран или колку време бара.
Биковите обично пристигнуваат на време и сите задачи ги завршуваат во дадениот рок.
Чувството за вредност е мотивација за Биковите. Веднаш потоа следи љубовта кон наградите кои ја следат напорната работа.
Бикот одлично раководи со парите. На време ги плаќа своите сметки и секогаш има резерва на страна. Понекогаш знае претерано да троши, но тоа се ретки ситуации.