#1 Започнува расправии
Доколку без причина почнува караници, можеби се обидува да најде причина да ви раскине.
#2 Има нов пријател
Доколку поминува голем дел од времето со некого за кого не сака да ви раскаже кој е освен што е „само пријател”, ве изневерува.
3# Ве прашува како ви е планиран денот
Доколку одеднадеж почне да се интересира за вашиот рутински дневен распоред, веројатно сака да си направи распоред за изневерување.
4# Отсутна е со мислите
Доколку се обидете да разговарате со неа за важни работи, а таа е преокупирана со фантазирање и „отсутна”, тогаш веројатно не сте и најважниот на листата.
5# Тивка е
Доколку се обидете да се конфронтирате со неа во врска со изневерување, а таа е тивка, ова веројатно значи „да”.
6# Почнува да го крие мобилниот
Дали го остава мобилниот набрзина секогаш кога ќе влезете во собата? Крие нешто.
7# Престанала да води љубов со вас
Доколку престанала да биде интимна со вас, од било која причина, време е да продолжите понатаму.