Категории

8 ПРАВИЛА ПО КОИ СЕ ВОДАТ ВИСТИНСКИТЕ ЖЕНИ

Општеството многу често на жените им врши притисок со тоа што им припишува еден куп улоги. Тие во исто време мора да се и мајки и жени и ќерки и пријателки… Ваквиот притисок често знае да ги издепримира жените и затоа треба да заборавиме на него. Ви претставуваме осум правила кои може да го променат вашиот живот, а воедно и да го сменат и начинот на кој ве гледаат другите.

Вистинските жени не ја бркаат среќата

Потрагата по среќа е навистина популарна замисла но во исто време и многу непотребна. Сите ние трагаме по нешто: подобра иднина, подобар живот или едноставно среќа. Вистинските жени го игнорираат ова. Тие се среќни и задоволни со она што го имаат и живеат во сегашноста.

Сегашноста е најважна и најинтересна за нив

Секако дека секоја жена има планови за иднината но вистинските жени не живеат само за нив, напротив, тие живеат сега и тука. Знаат дека причини како „кога ќе ослабам“ или „кога ќе го сретнам вистинскиот“ не се толку важни за да ги натераат да си го трошат животот и енергијата на нив.

Да се биде вистинска жена е привилегија и тие тоа го знаат

Тие го ценат фактот дека се родиле како жени. Да се биде жена не значи само да се однесувате така. Вистинските жени го сфаќаат ова и за нив да се биде жена не е некое мачно искушение туку е подарок. Тие ја негуваат својата женственост на сите полиња: внатрешни – емоции, чувства и мисли и надворешни – тело, облека и однесување.

2

Вистинските жени живеат по свое сопствено темпо

Кога темпото на живот е пребавно тогаш не можеме да уживаме во него, а кога пак е пребрзо немаме време за уживање. Секој од нас има свое сопствено темпо на живеење. Вистинските жени го знаат ова и си имаат посебно, нивно темпо. Тие ги подредуваат настаните како што им одговара и го одредуваат темпото на нивното случување. Вистинските жени прават сè за да си ги исполнат желбите и поставените животни цели, а притоа да не ја изгубат желбата за живот.

Тие секогаш се ставаат себеси на прво место

Ова не значи дека тие се себични, нечувствителни или пак цинични. Тие само знаат дека доколку премногу се мешаат во нечиј живот или пак некој друг премногу се меша во нивниот ќе немаат време за себе, а со тоа и ќе немаат сопствен живот. Вистинските жени уживаат во својот живот и никогаш не забораваат дека приватноста е скапоцена. Но, во исто време тие се спремни да пружат поддршка и да сочувствуваат со другите. Овие жени никогаш не велат „да“ доколку срцето им вели „не“ и секогаш се водат и ѝ веруваат на својата интуиција.

3

Вистинските жени не се докажуват

Секое девојче уште како мало го учат дека треба да се докаже на некој: родители, професори, соседи, роднини, пријатели и слично. Па, многу често жените го посветуваат сиот свој живот за да го остварат ова и да се докажат некому. Вистинските жени го сфаќаат ова и престануваат да го прават. Тие имаат свои сопствени животни цели кои ги создаваат и достигнуваат. Доколку овие цели не се совпаѓаат со оние наметнати од општеството тоа не претставува проблем за нив. Жените знаат дека е невозможно да ги усреќиш сите. Тие работат на себе и за себе и не им е потребно ничие одобрување.

Самотијата е подарок за нив

Вистинските жени го ценат времето кое го поминуваат сами. Не се обидуваат да внесат непотребни луѓе во животот само за да не се сами. Да се има време за себе е одлично бидејќи служи за вистински одмор од светот. Топла бања, добра книга или пак време поминато слушајќи музика е одлично за релаксација, средување на мислите и планирање на следните денови.

4

Прегледи:
332
Ознаки:
·
Објавено на:
16.06.2016