Категории

Накитот на ликовите од серијата „Игра на тронови“ достапен во продажба

Ако сте сеуште воодушевени од змејската огрлица која Денерис Таргариен ја носеше во 5тата сезона, тогаш имаме добри вести за вас.. Сите странски обожавателки на оваа серија можат да набават накит ист како оној кој го носат ликовите во серијата.

1465920333-syn-hbz-1465841142-mey-game-of-thrones-necklace-earrings

Добитничката на Еми награда за најдобра костимографија – Мишел Клептон во соработка со лондонскиот бренд за накит Yunus & ELisa создадоа специјална колекција инспирирана од серијата.
Дизајнерката работеше на парчињата накит кои ликовите ги носеа во серијата и поради огромната популарност која ја добија таа реши да создаде парчиња за широка потрошувачка и со тоа страсните фанови можат да го набават истиот накит на ликовите.

Неофицијалните информации гласат дека во склоп на колекцијата во продажба ќе бидат пуштени и оригиналните парчиња од серијата.

1465920320-syn-hbz-1465840973-mey-game-of-thrones-dragon-necklace 1465920346-syn-hbz-1465841274-mey-game-of-thrones-earrings-cuff

8f375f5472b8b56f4f17c4fec0e14700

game-of-thrones-jewelry

Прегледи:
218
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
17.06.2016