Салата од јагоди, авокадо и киноа освен прекрасен вкус ќе ви дадe и рамен стомак.
Со редовно консумирање на овие намирници ќе го спречите таложењето на мастите, а ако на тоа додадете и малку вежби ќе имате стомак од соништата.
Состојки:
¼ шоља варено киноа
2 мали лажички издробени бадеми
½ авокадо исецкано на парченца
5 поголеми јагоди исецкани
2 ½ шолја исецкан млад спанаќ
За преливот:
2 ½ мала лажичка маслиново масло
½ лажичка нарендана кора од лимон
1 лажичка сок од лимон
1 мала лажичка сенф
½ лажичка мед
Бибер по желба
Подготовка:
Сите состојки за салатата ставете ги на чинија и измешајте ги.
Состојките за прелив ставете ги во еден сад и убаво измешајте ги додека да добиете густа смеса. Потоа само прелијте ја преку салатата и се убаво измешајте.
Спанаќот е богат со хранливи материи
Семето од киноа е богато со влакна и протеини кои долго ќе ве држат сити
Јагодите се богати со антиоксиданси и содржат мала количина на шеќер
Во бадемите има многу витамин Б12 кој ќе ви даде доволно енергија до следниот оброк
Авокадото ја редуцира надуеноста.
Имајте добар апетит!