Категории

Какви емоции: Срна со искрени солзи ја испеа химната на Хрватска сеќавајќи се на својот починат татко

Дарио Срна покажа јуначко срце и се најде во стартната постава на Хрватска и покрај смртта на неговиот татко Узеир, а за тоа колку хрватскиот капитен е потресен од заминувањето на својот драг родител можевме да се увериме уште пред стартот на натпреварот со Чешка.

Срна едноставно не можеше да ги сокрие солзите додека ја пееше хрватската химна, а потоа погледна кон небото сеќавајќи се на својот татко на кого инаку последна желба беше неговиот син да ги одигра сите натпревари на Европското првенство без разлика што ќе се случи со него.

 

Прегледи:
499
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
17.06.2016