Научете како паметно и со стил да ја комбинирате вашата облека за да добиете максимален ефект.
Не постои подобра модна формула од онаа која визуелно ја издолжува фигурата и ја прави повитка, особено кога се во прашање нозете.
Затоа секогаш сме во потрага по outfit-и со чија помош можете да ја постигнете совршената пропорција на телото.
Добрата комбинација има моќ освен нозете да ја издолжи целата фигура и во целост да го подигне вашиот стил на едно ново ниво.
Денес ви претставуваме неколку одлични креации осмислени од модните блогерки кои визуелно ќе ги издолжат вашите нозе.