Познатиот рапер Асап Роки направи вистински напредок во модната индустрија. Оваа година тој склучи договори со многу модни куќи меѓу кои Џ.В. Андерсон и исто така лансира колекција со брендот Guess.
Артистичкиот директор на модната куќа Диор – Крис Ван Аш го избра токму него како заштитно лице на машката мода чија најнова колекција ќе биде лансирана наскоро.
Тој изјави дека изведувачот поседува бутновна енергија баш како и колекцијата која што наскоро ќе биде претставена. Асап за оваа соработка изјави дека е негова огромна чест да биде заштитно лице на модната куќа Диор која во светот на машката мода е исто како и Коко Шанел во женската.