Категории

Доделувањето на Тони наградите 2016 и модата на црвениот тепих

Тетарските „оскари“ и оваа година традиционално се одржаа во престолнината на Бродвеј – Њујорк. Многу познати театарски актери зачекорија на црвениот тепих да ја одбележат изминатата година помината на сцената. Со наградата најдобра актерка се закити Хелен Мирен за улогата на кралицата Елизабета Втора во претставата The Audience, а најдобар машки актер беше прогласен Алекс Шарп за улогата во драмата The Curious Incident of the Dog in the Night-time. Како ѕвездите изгледаа на црвениот тепих можете да видите подолу во галеријата, меѓу присутните се појавија и ѕвезди од музичката сцена како Џенифер Лопез а исто така и познатите модели Емили Ратајковски, Бела Хадид, Џордан Дан и Кендал Џенер.

 

Прегледи:
793
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
19.06.2016