Категории

Што е карактеристично за хороскопскиот знак Риби

“Разбирање“ е најсоодветен збор за овој нежен и топол знак.

Рибите се опуштени и толерантни спрема другите и затоа често се наоѓаат во друштво на најразлични типови на луѓе.

Подготвеноста да се дадат себе си емоционално им дава аура на тивка емпатија. Прекрасно е човек да е во нивно друштво.

Иако не се наоѓаат често во позиција на лидери, овие луѓе оддаваат силна и жива аура кога работат нешто во што го внеле своето срце.

Длабоко во Рибите чука срце на голем романтичар. Полни со љубов, овие нежни луѓе даваат се од себе и многу ја ценат интимноста.

Тие се страствени љубовници на кои им е потребно да чувствуваат вистинска врска со партнерот. Кратките авантури и површните игри никако не се за Рибите. Тие се лојални и внимателни во љубовните односи. Сакаат да подаруваат и да прават нешта поради кои партнерот ќе се чувствува одлично.

Нежните Риби спаѓаат во едни од најдобрите пријатели кои постојат. Многу често повеќе мислат на потребите на другите отколку на своите.

Кога некој нивни пријател или пак некој од семејството се соочува со проблем, Рибите даваат се од себе да ја поправат ситуацијата.

Рибите по природа се експресивни и не се воздржуваат да им ги искажат своите чувства на луѓето околу себе.

Рибите најдобро се чувствуваат кога работат нешто со креативна природа или во хуманитарни цели.

Клучната фраза за овој знак е “Јас верувам“. На Рибите им е неопходно да имаат силни чувства во врска со она што го работат.

Инспирирани од потребата да остават трага во животот на луѓето со кои се среќаваат, Рибите ќе направат многу повеќе од тоа што им го бара самата должност.

Кога се парите во прашање Рибите не се замараат премногу. Повеќе се окупирани со своите сонови и цели, отколку со парите.

Но, сепак бидејќи парите се елемент потребен да ги остварат своите аспирации Рибите без проблем ќе ги осигураат потребните пари.

Прегледи:
525
Објавено на:
23.06.2016