Категории

Таа е најдоброто рамо за плачење: Кога ви е тешко, викнете ја жената во овој хороскопски знак

Изразено чувствителна, романтична, интелигентна, грижлива, креативна, страствена, смирена, имагинативна – сето тоа е жената Рак. Таа е вител од чувства и во еден момент може да биде многу тврдоглава, во друг попустлива, во трет лута, а веќе во следниот нежна. Има силна волја и е истрајна, а понекогаш знае да биде и многу повлечена, особено ако чувствува дека некој ја вознемирува или провоцира.

Својата чувствителност не ја покажува само кон своите потреби, туку и кон туѓите што ја прави еден од најемотивните хороскопски знаци. И најмалата критика која ѝ е упатена ќе ја прими со сето срце и нема лесно да ја заборави. Ја краси длабока интуиција, поради што вреди да го послушате нејзиното мислење.

Љубов

Никогаш не се чувствува подобро и посигурно отколку во својот дом, а семејството за неа е нешто свето. По природа е грижлив и семеен тип жена и во врската секогаш повеќе дарува отколку што зема за возврат. Сака мирен и стабилен семеен живот, а сигурноста и верноста ѝ се најважните квалитети во врската. Заведувањето и сензуалните фантазии се нешто во што жената Рак неизмерно ужива. За неа сексуалниот однос е танц со партнерот со кој сака да биде емотивно поврзана.

Пријателство

Жената Рак и претпазлива и верна пријателка. Таа е онаа личност која ќе се погрижи сите сигурно да стигнат дома по лудото вечерно излегување и која секогаш ќе се јави да провери дали сте добро. Ако ви е потребен некој да ве утеши, пријателката во знакот на Рак ќе биде најдобра во тоа. Таа е добро рамо за плачење и секогаш ќе даде утеха на луѓето кои ги сака. Своите пријателства ги чува како највредното богатство, а и самата таа е пријателка која вреди да се чува.

Изглед

Привлечни црти на лицето, длабоки очи со сивкаста или сина боја, мал, кренат нос, полни усни, широка насмевка и силна, изразена вилица се карактеристиките на лицето по кои ќе ја препознаете жената Рак. Лицето обично ѝ е најшироко помеѓу ушите, бојата на тенот посветла, а косата руса. Просечно е висока и има долги и витки раце и нозе, а со тоа и силни дланки. Има мал струк со долга линија, како и раскошни колкови и бедра.

Стил

Го преферира традиционалниот и конвенционалниот стил на облекување кој ја нагласува женственоста, но и удобноста. Белата, светло сината и сребрената боја се најдобриот избор за неа. Секогаш подобро се чувствува кога е некаде на страна отколку во центарот на вниманието, па затоа никогаш нема да ја видите облечена во нападна дневна комбинација.

Со оглед на тоа дека има привлечни црти на лицето, таа не сака секогаш да носи многу шминка. Парите попрво би ги потрошила на квалитетен шампон и регенератор затоа што убавата и бујна коса е еден од нејзините најдобри атрибути.

Стил на купување

Жената Рак е мајстор за пронаоѓање одлични парчиња облека и чевли по намалени цени. Ја краси способноста да се облекува феноменално со ограничен буџет. Ретко кога купува импулсивно бидејќи не сака да прави непотребни трошоци и попрво би ја прегледала старата гардероба и да пронајде некое парче на кое заборавила, отколку да оди на шопинг по нешто ново.

Стилска икона

Актерката Софија Вергара е една од најсексапилните жени на светот и како типична жена Рак има бујни гради и раскошни колкови. Фигурата на песочен часовник ја истакнува со тесни фустани, а често можеме да ја забележиме во бело – бојата која најдобро им стои на Раковите. Долгата, бујна коса и полните усни, кои се адути на многу жени Ракови, се заштитен знак на актерката која на 10-ти јули ќе наполни 44 години.

Од славните дами родени во знакот на Рак се истакнуваат принцезата Дајана, Мерил Стрип, Хелен Келер, Фрида Кало и Жизел Бундхен.

Прегледи:
472
Објавено на:
23.06.2016