Штиклите се инстантен подигнувач на стилот, а за тоа се свесни многуте познати убавици кои ова моќно женско “оружје“ го користат на црвениот тепих.
За вас издвоивме неколку пара штикли кои на црвениот тепих на доделувањето на BET Awards ги засенија вечерните фустани.
Популарните убавици за оваа прилика одбраа интересни, елегантни креации кои се создадени за на црвениот тепих. Иако вечерните и коктел фустаните добиваат најмногу внимание, овој пат во прв план блеснаа впечатливите штикли.
Сандали кои ги краси висока и елегантна потпетица збогатени со ременчиња и апликации ги засенија тоалетите, а ние за вас ги издвоивме најинтересните во златна и сребрена металик боја кои и наједноставниот стајлинг ќе го направат wow.