Првите редови на модното шоу на Луј Витон се секогаш резервирани за селебрити ѕвезди.. Последно ги видовме Селена Гомез и Алиша Викандер како од прв ред го следеа презентирањето на најновите колекции, но тие не беа присутни на ревијата по повод лансирањето на новата машка колекција за пролет 2017 во Париз.. Наместо нив, во првите редови седеа најпознатите британски стилски икони: супермоделот Кејт Мос и светски познатиот фудбалер Дејвид Бекам. Шармантниот фудбалер миленик на женската публика беше облечен во црна од-глава-до-пети комбинација надополнета со бели патики и класични Реј Бан очила за сонце, и секако неговата препознатлива фризура што со неговото пристигнување веднаш ги привлече очите на присутните.
Додека Мос се појави во лежерна комплет комбинација во пастелни нијанси комбинирајќи ја со сив тренч-капут.
Кејт дојде во придружба со нејзиното момче Николај вон Мисмарк.