Категории

Изглед на денот: Викторија Бекам

Викторија Бекам не престанува да изненадува со нејзините комбинации во силни светли тонови.. Пош Спајс која со години важи за модна икона беше забележана како го напушта хотелот во Њујорк облечена во едноделен комбилизон во тегет боја, за целата таа комбинација да изгледа по вибрантно таа избра долг жолт тренч капут без ракави и црни сандали на висока пета. Титулата најдобро облечена икона на денот ја доделивме кој ако не неа, таа дефинитивно е поим за софистицираност и елеганција каде и да се појави.

Прегледи:
527
Објавено на:
27.06.2016