Категории

Погледнете ја вилата направена за само 45 дена со 3D принтер

Двокатната вила во Пекинг, Кина, изгледа навистина одлично, а посебно е импресивна поради фактот дека е направена за само 45 дена и тоа со помош на 3D принтер.

Вилата со големина од 400 метри квадратни има ѕидови со дебелина од 2,5 метри и во целост е испечатена. Менаџерот на проектот тврди дека е доволно цврста за да издржи земјотрес со магнитуда од 8 степени според Рихтеровата скала.

Компанијата “Haushang Tengda” се наоѓа во Пекинг, а соопшти дека за изградбата на вилата биле потребни минимални рачни работи како бојадисување и украсување.

Иако други фирми претходно правеа објекти со помош на 3D принтери, оваа вила е првата која е изградена во еден дел, а не во повеќе делови кои биле дополнително составувани.

1606280852mn0

Материјалот кој е користен за изработката е специјален зајакнат бетон.

1606280853mn

1606280854mn

Прегледи:
432
Објавено на:
29.06.2016