Најдобриот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ, се пласира во третото коло на гранслем турнирот Вимблдон. Тој со 3-0 во сетови го совлада францускиот тенисер Адријан Манарино, и лесно обезбеди пласман во следната рунда. Тоа беше 30.последователна победа на Ѓоковиќ на гранслем-турнирите, што е уште еден рекорд во неговата колекција.
Со оглед дека дождот прави големи проблеми денеска на Вимблдон, Ѓоковиќ сигурно ќе има и продолжен одмор до следниот настап, бидејќи тој имаше привилегија да игра на Централниот стадион, кој има покрив.
Србинот рутински ги освои првите два сета со 6-4 и со 6-3, а во третиот мораше да одработи и тај-брејк. Имаше сервис за триумф при водство од 5-4 во гемови, но го загуби. Сепак, Манарино немаше сили и докрај да го комплетира сетот, па тај-брејкот му припадна на Ѓоковиќ со 7-5, на поени.