Категории

Новата колекција на Alexander McQueen инспирирана од рурална Англија во ’60тите

Новата резорт колекција на модната куќа Александар Меквин е во знакот на романтиката од ’60тите и рурална Англија претставена преку прекрасните цветни мотиви.
За новата колекција на култната модна куќа, креативната директорка Сара Бартон изјави дека инспирацијата ја пронашла во романтичната 1960 и руралната Англија. Баш типично за британската мода која не ја заборава својата традиција и колку да се труди да се приспособи на сегашноста.
Колекцијата која ќе биде објавена во 2017 година е во знакот на смелите модели фустани во А-линија, женственоста на креациите секако нема да биде изоставена познавајќи го феминистичкиот вкус на креаторката. Клучните модели од колекцијата погледнете ги подолу во галеријата.

Прегледи:
278
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
01.07.2016