Категории

ЗОШТО СИЛНИТЕ ЖЕНИ СЕ ЗАЉУБУВААТ ПОТЕШКО?

Има два вида жени: оние кои се заљубуваат секој втор ден и оние за кои заљубувањето е вистински предизвик. Вториот тип се независни, силни жени кои понекогаш имаат вистински проблем со долгите врски. Еве зошто:

Се плашат од целосно предавање

Иако силните жени се среќни и задоволни со самите себе, не значи дека не сакаат да ја пронајдат љубовта на својот живот. Нешто што многу често се случува во долгите врски на овие жени е тоа што почнуваат да чувствуваат дека немаат доволно време за себеси и ненадејно ставаат крај. Ова е така поради фактот што тие и сакаат да пронајдат вистинска љубов, и сакаат да останат достојни на самите себе.

Се плашат од разочарување

Многу често се случува да запознаете некого, да помислите дека е совршениот, за подоцна да се разочарате кога ќе ги дознаете неговите вистински особини. Подоцна сфаќате дека тоа било само маска која ја искористил за да ве придобие. На пример, момчето кое ви се колнело дека обожава забави, излегувања и многу луѓе, по некое време одбива да ги запознае вашите пријатели. Доколку нешто вакво ѝ се случи на силна жена, таа ќе се затвори и долго време нема да се реши да отиде на состанок.

Го ценат сопственото време

Силните жени знаат колку е важно времето, па многу често одбиваат да го трошат на други луѓе. За да бидете во здрава врска, потребно е да поминете многу заеднички часови и денови, зарем не? Тие не сакаат да му посветат време за запознавање некому доколку не се сигурни дека сето тоа ќе се исплати на крајот.

За крај, ваквите жени кои се свесни колку се моќни и знаат дека не им е потребен никој друг во животот не се плашат да останат сами – повеќе се плашат да завршат со погрешната личност.

Прегледи:
305
Објавено на:
02.07.2016