Прекрасната бразилска убавица Камила Алвес сосема заслужено ја доби титулата за денешниот изглед на денот. Таа беше забележана со својот сопруг актерот Метју Меконахи и трите деца на фамилијарен викенд.
Убавата манекенка блескаше во нежно пастелно розов фустан кој совршено и ласкаше на нејзиниот тен, комбинацијата ја заокружи со сандали во крем тон од дизајнерката Тамара Мелон. Таа се ослони на минималноста кога се работеше за нејзината фризура па остави нејзината долга кадрава коса да го комплетира нејзиниот изглед.