По подолго време нешто ново на музички план од Владо Јаневски. Сепак не станува збор за нова песна, туку се работи за песната “Ајде води ме”, која всушност е македонска верзија на старата тема со ист наслов, отпеана во 2007 година во дует, заедно со Тијана Дапчевиќ, во времето кога „чаирскиот романтичар“ се обидуваше да направи музичка кариера во регионот.
Зад ова видео повторно стои Томато Продукција, кои направија уште една интересна приказна каде главната улога ја толкува преубавата Ана Коцева, која е студент на медицинскиот факултет и професионално не се занимава со манекенство, но со големо задоволство прифати да ја толкува главната улога во спотот за „Ајде води ме“.