Категории

Освежителна лубеница торта: Ова дефинитивно е десертот кој нема да ви ја наруши диетата…

Тропските горештини се многу поподносливи со ладна лубеница. Сочната лубеница не само што ќе ве освежи и хидрира, туку и на здрав начин ќе ви ја задоволи желбата за слатко, а и ќе ви помогне да внесете дел од дневните потреби на повеќе витамини и минерали како витамин Ц, витамин А, магнезиум и калиум.

Летните денови не се погодни за печење на деликатеси, па набрзина направете летна лубеница торта и ќе ги одушевите гостите и најмилите.

02

Постапката е едноставна: Отсечете го горниот и долниот дел на лубеницата (во идеален случај лубеницата би била без семки) и внимателно со нож изрежете ја кората. Со изматен шлаг обложете ја лубеницата и декорирајте со јаткасти плодови или овошје како јагоди, боровинки, малинки, киви… (По желба во шлагот можете да ставите екстракт од ванила, изрендана кора од лимон/лимета/портокал или пак кокос.) Покажете ја креативноста и резултатот секогаш ќе биде одушевувачки.

03

Еве неколку предлози за декорирање:

04

05

06

07

08

09

10

11

Прегледи:
605
Објавено на:
07.07.2016