Категории

Типови на мажи кои треба да ги избегнувате на социјалните мрежи

Социјалните мрежи ни ги олеснуваат нештата кога се во прашање потенцијалните врски.

Освен што имаме голем избор на едно место, можеме да го провериме момчето/човекот кој ни се допаѓа и да создадеме прв впечаток без да се поместиме од креветот.

Секако не треба да заборавиме дека социјалните мрежи многу често содржат неточни информации, но ако неговиот профил има некоја од следниве ставки веројатно станува збор за момче кое нема потреба да се “мачите“ и да го запознавате очи во очи.

1. Селфи во огледало, без маица

Јасно ви е дека тој не е “материјал“ за дечко. Убаво е да се биде горд на сопственото тело, но ако тоа е нешто што секој може да го види веднаш штом ќе го отвори профилот, тогаш не е баш нешто посебно.

2. Профил преполн со селфи фотки

Да, знаеме дека селфи фотографиите се во мода бидејќи ни даваат можност на светот да му се прикажеме во најдобро светло, сепак ако ги има премногу (во смисла на секој ден по неколку) тогаш најверојатно станува збор за нарцисоиден тип на кој поважно му е да собира лајкови отколку да се посвети на сериозна врска.

 3. Секси жени на листата на пријатели

Добро, секоја има неколку исклучително секси дами меѓу пријателите кои не се срамат да се покажат, но тука мислиме на нешто друго.

Ако налетате на момче кое 80% од пријателките му се девојки кои се фотографираат во исклучиетлно провокативни пози верувајте дека тој не е тип кој ќе ве направи среќна.

4. Нема фотографии од себе

Иако малку погоре спомнавме дека сме против претерани селфи изданија, сепак треба да сте во можност да видите барем нешто.
Момче кое нема ниту една своја лична фотографија делува како да сака да скрие нешто.

Прегледи:
391
Објавено на:
08.07.2016