Мила Кунис се одлучи да ги следи бјути трендовите па на насловната на магазинот Glamour таа позираше без шминка. Последниот период постои голем тренд кај ѕвездите од шоу бизнисот кои се повеќе се одлучуваат за „голо лице„ наместо тешки мејкап изгледи. Помеѓу нив ги видовме пеачката Адел и Ким Кардашијан за насловните на Vogue и Rolling Stones каде што ја истакнаа својата природна убавина, секако фотографиите претходно се обработуваат но е навистина реткост да се видат во природно светло.
Прекрасната актерка Мила Кунис исто така се одлучи за ваков чекор, па за насловната на списанието таа сними две изданија – во првото издание таа позира претставувајќи ја својата природна убвина без шминка, додека во второто издание таа носи минималистичен нежен мејкап. Притоа за списанието таа изјави..
“Не носам шминка и не ја мијам косата секој ден, тоа не е нешто што се поврзува со меене. Им се восхитувам на жните кои се будат 30 или 40 минути порано и нанесуваат туш за очи. Мислам дека тоа е прекрасно но јас не сум таква личност. За снимањето ми ставија само крема за лице а фотографот изјави дека така ќе ја направиме фотосеесијата а јас помислив „Ова е вистинско олеснување.”“