Помалку или повеќе, сите жени се шминкаат. Изборот не производителот е исто толку важен како и пронаоѓање на соодветните тонови за вашиот тен.
Во однос на прашањето евтина наспроти скапа козметика има разни дискусии, секако доколку би можеле да си дозволат, сите би купувале скапи производи. Верувале или не, многу селебрити и луѓе кои можат да си ги дозволат најскапите парчиња, некогаш одбираат ефтини козметички производи, зашто? Едноставно е, бидејќи се добри. Не е секогаш важна цената, туку е важно што е соодветно за вас и вашите потреби.
КОЖА
Евтина козметика (лево): Пудрата има кремаста структура и се чини дека не покрива доволно. Не ја измазнува кожата, а ја суши и затегнува. Руменилото дава нерамномерен тен и дава портокалов тен на лицето.
Пудра — 7 долари, руменило — 6 долари.
Скапа козметика (десно): Пудрата ги покрива сите несовршености и е лесна за нанесување. Исто така и руменилото.
Пудра — 54 долари, руменило — 43 долари.
ОЧИ
Евтина козметика (лево): Текстурата на сенката е густа. Лесно се нанесува и не избледува и не се замачкува. Тушот се нанесува лесно, маскарата не е лоша, но е грутчеста.
Сенка за очи— 10 долари, туш — 7.50 долари, маскара — 9 долари.
Скапа козметика (десно): Текстурата на сенката е густа и не се размачкува. Тушот се чини ист како предходниот, а маскарата се нанесува лесно.
Сенка за очи— 46 долари, туш — 32 долари, маскара — 29 долари.
УСНИ
Евтина козметика (лево): Карминот има бисерен финиш и посебен мирис. Покрај тоа, се чини добар.
Кармин – 8 долари.
Скапа козметика (десно): Карминот е мат и има убав мирис. Се чини дека ја суши усната и е тешко да се нанесе еднакво.
Кармин – 35 долари.
КРАЈНИОТ РЕЗУЛТАТ
Првично не се приметува голема разлика меѓу двата изгледа, освен очигледната разлика во пудрата.
Тестирањето на евтина наспроти скапа козметика не би бил комплетен доколку не се види разултатот од како би издржала шминката во критични ситуации.
НА ДОЖД:
Евтина козметика (лево): Иако маскарата пишуваше дека е водоотпорна, сепак падна на тестот, како и тушот.
Скапа козметика (десно): Маскарата и тушот го поминаа тестот. Останаа исти, а исто така и сенката, за разлика од ефтината која се размачка, остана иста.
ЈАБОЛКО ТЕСТОТ:
Евтина козметика(лево): Карминот речиси го снема.
Скапа козметика (десно): Бојата малку избледи во центарот на усните, но сепак одлично се задржа.
ЗАКЛУЧОК:
- Скапите производи не се секогаш подобри од евтините производи.
- Кога купувате козметика, одберете убаво на што да фрлите повеќе пари, квалитетна пудра можеби ви е најдобар избор.
- Од сликите не се забележува голема разлика, така да може да комбинирате и евтини производи.