Ешли и Дени се пример за чиста, безусловна, искрена и вистинска љубов.
И двајцата се родени со Даунов синдром, а нивната љубов од ден на ден сè повеќе расте. Најновото видео од заљубениот пар ќе ве увери во тоа.
Дени штедел голем дел од својата плата за да ѝ купи прстен на љубовта на својот живот со кој да ѝ покаже дека СЕКОГАШ ќе биде покрај неа и да ѝ вети дека еден ден тие ќе се венчаат. Во видеото објавено на профилот „Love What Matters“ на Facebook, Ешли го отвора роденденскиот подарок од својот сакан, а нејзината радосна реакција не може да се опише со зборови.
„Дени и Ешли се родени со Даунов синдром. Тие не само што имаат безусловна љубов еден за друг, туку тие секојдневно покажуваат вистинска благодарност за животот. Дени и сестра ми се состануваат веќе две години и не можеа да бидат посовршени еден за друг. Дени сакаше да ѝ покаже на сестра ми дека тој секогаш ќе биде тука и дека има очи само за неа. Тој си заштеди пари од својата плата за да ѝ подари на сестра ми прекрасен дијамантски прстен за ветување“ – пишува сестрата на Ешли во описот на видеото на Facebook.