Запознајте го Јован Савов – кросфитер на месецот Јули!
Јас сум Јован Савов имам 35 години и живеам во Велес. Во 2014 година дознав сосема случајно за КросФит Скопје. На некој македонски портал прочитав дека најфит човек е Rich Froning 4 години по ред. Веднаш се заинтересирав. Почнав да гледам кратки видеа и да читам за КросФит. Дознав дека има клуб во Скопје, но тој период не бев уште одлучен дека можам да вежбам КросФит. Во јуни 2015 се пријавив и отидов на пробен тренинг. Многу ми се допадна.
Од 22 јуни почнав да одам на 4 тренинзи во неделата. Започнав со програмата за почетници и бев задоволен од тренинзите. Мојата желба за секој нареден тренинг беше поголема. Ова ми беше прво искуство да бидам член во еден клуб. Пристапот на сите членови и тренерите ме мотивираше да давам максимум. После секој нов личен рекорд и секое повторување плус, со нетрпение го очекував наредниот тренинг. Болката во мускулите е неизбежна, но ѝ желбата за да се надминеш.
Јас една година патувам од Велес до Скопје за да тренирам во КросФит Скопје. Најмалку што можете да направите е да пробате барем еден тренинг.
Пристапот и професионалноста на тренерите и секој член во КросФит Скопје е за восхит. Во изминатиов период од една година, колку што сум член во КросФит Скопје, ниту еднаш не сум имал повреда. Тоа зборува доволно колку тренерите посветуваат внимание да бидеме добро подготвени за вежбата на денот. Јас една година патувам од Велес до Скопје за да тренирам во КросФит Скопје. Најмалку што можете да направите е да пробате барем еден тренинг. Ќе си заминете задоволни.
Повеќе прочитајте на КросФит Скопје