Социјалната мрежа Инстаграм е многу популарна, особено за припадничките на понежниот пол, бидејќи таму имаат прилика да погледнат, но и да постават кратки видеа и фотографии со необични и интересни трикови за убавина. Тие видео записи честопати стануваат вирални, па затоа решивме да споделиме 12 од најпопуларните, но истовремено и најкорисните за вас. Погледнете ги и подгответе се да бидете воодушевени.
1. Чорап како замена за бјути блендер
Сега воопшто не мора да трошите пари за познатото сунѓерче кое е познато како „бјути блендер“. Наместо него, земете чист чорап кој може да ви послужи за рамномерно нанесување на течната пудра.
2. Нека вашиот парфем трае подолго
Доколку сакате мирисот на парфемот да се задржи подолго на вашата кожа, потребно е да го нанесете веднаш по туширањето, бидејќи влажноста на телото ќе го продолжи неговото дејство.
3. Прикријте ги седи влакна
Ах, тие седи влакна и подраснатиот корен. Но, сте знаеле дека маскарата може да ве спаси до наредното бојадисување?
4. Направете отстранувач за лакот за нокти
Честопати се случува во некој важен момент да останеме без ацетон, но не би требало да се грижите, бидејќи можете да направите замена со помош на лимонов сок и оцет.
5. Зацврстете ги ноктите
Истријте лук на ноктите и почекајте 20 минути, а потоа измијте ги. Иако мирисот не е воопшто пријатен, сепак од ова вашите нокти би требало да бидат поубави и поцврсти.
6. Брзо сушење на лакот за нокти
По лакирањето на ноктите ставете ја раката под ладна вода. Ќе сфатите дека лакот многу побрзо се исушил.
7. Пилинг на усните
Сите ние правиме пилинг на лицето и телото, но редовно забораваме на усните. Со помош на вазелин и стара четка од маскара, ќе можете да направите сјаен пилинг кој нема да биде премногу груб за усните.
8. Направете вашите трепки да бидат погусти и подебели
Можете прекрасно да ги обликувате вашите трепки доколку претходно ги намачкате со вазелин.
9. Отстранете ја лесно дамката од кармин
Дамките од карминот најлесно ќе ги отстраните на следниот начин: Нанесете лак за коса директно на дамката, оставете 15 минути да се исуши, а потоа истријте со влажна крпа.
10. Како да ги чувате сунѓерчињата за пудра
Знаете и сами дека овие сунѓерчиња се доста специфични кога станува збор за нивното чување и одржување, бидејќи можат да се наполнат со бактерии. Не можете да ги чувате во вашата козметичка торба, ниту пак на полицата, а доколку сте ја фрлиле оригиналната кутија, тогаш послужете се со пластично јајце.
11. Продолжете го животот на течниот коректор
Кога ќе помислите дека сте останале без течен коректор, сипете топла вода во еден сад, оставете го шишенцето да отстои неколку минути, и набрзо ќе можете повторно да го употребувате.
12. Обликувајте ги веѓите
Со помош на лак за коса и стара четка за заби можете да совршено да ги обликувате вашите веѓи.