Категории

Играта “Pokemon GO” на “Google” е попопуларна од порно филмовите

Порно филмовите отсекогаш биле најпребарувани и најгледани содржини на интернет. За очекување беше играта “Pokemon GO” ја прекина таа доминација и се избори за првото место.

Интерактивната игра на пребарувачите официјално стана попопуларна од порнографските содржини.

Терминот “порно” долгo време беше најзастапен во алатките за пребарување, што дава одраз на реалната ситуација, интерес и потреби на корисниците на интернет.

По бројот на впишувања “Pokemon GO” на пребарувачите на интернет, оваа игра на 11 јули го зазеде првтото место, но и понатаму напредува.

Најмногу прашања доаѓаат од оние земји во кои играта е достапна, но голем интерес покажуваат и земјите Канада и Холандија, кои со нетрпение очекуваат играта да стане достапна и во нивните земји.

 

Прегледи:
547
Објавено на:
15.07.2016