Категории

Најубавите сребрени обувки за ова лето

 Колку и да ви се чини дека сребрените обувки со металик сјај се тешки за стилизирање, верувајте дека овој впечатлив пар обувки му прилега скоро со кој стил и на секое парче.

Со оглед на тоа дека металик обувките се вратија на сцена, оваа сезона ни пристигнуваат голем број различни модели од рамни еспадрили, папучи и патики па се до штикли на висока потпетица кои се украсени со впечатливи детали како бисери, светки и реси.

Без разлика дали сте фан на спортски парчиња или повеќе ја преферирате елеганцијата, веруваме дека во широката понуда ќе го пронајдете совршениот пар за себе.

Прегледи:
755
Објавено на:
15.07.2016