Во последниве неколку години се почесто гледаме цела палета бои за коса, од сина, до розева, зелена и жолта, па и цели виножита.
Ѕвездите не изостанаа од овој тренд, Кејти Пери, Ким Кардашијан, Ники Минаж и многу други, ги видовме со најразновидни бои, а веќе и на сите им е смачено и дури не е ни чудно кога ќе видите некој со розева коса. Периодично се менуваа трендовите, а во моментов има свежи нови бои кои стапуваат на сцена.