Синот на познатиот селебрити пар Викторија и Дејвид Бекам ја сними својата прва кампања за пармефите Burberry Brit. Откако младиот Бруклин Бекам успешно се докажа во манекенските води, реши да „заплива“ и во водите на фотографирањето застанувајќи позади објективот на снимањето на новата кампања за новата линија парфеми на брендот Burberry. Младиот Бекам ги фотографираше моделите Елиза Томас, Лив Мејсон, Меди Димејн, Луис Хелим, Бен Рис и Тод Дориго кои позираа на најразлични локации во Лондон. Црно-белата кампања доби свој хаштаг #THISISBRIT а не се сомневаме дека наскоро ќе стане огромен хит.