Тенисерката Ана Ивановиќ на својата свадба буквално леела солзи на песната “Видовдан”, пишува српски Курир. Иако изјавила дека на венчавката со Бастијан Швајнштајгер не сака народна музика, тенисерката направила искслучок – побарала да ѝ ја отпеат српската патриотска песна.
За музиката била задолжена хрватската пејачка Нина Бадриќ, но младенците после половина час ја отстранила од бината, а коментарот на изворот на српски Курир е дека Нина помалку и ги изморила гостите бидејќи повеќе зборувала отколку што пеела и притоа изведувала главно тажни песни, после што Ана и Бастијан одлучиле бендот да го преземе репертоарот.
– Иако се венчаше во Италија и иако помеѓу гостите имаше најмногу странци, таа нарача две омилени српски песни и заплака веднаш штом засвиреа “Видовдан” на Гордана Лазаревиќ, а веднаш потоа го побара и хитот “Црнe косe”, на Ханка Палдум, додава изворот.
Потоа одлучила дека повеќе нема да слуша тажни песни на денот на венчавката, а на таа нејзина одлука влијаел и германскиот фудбалер којшто кога видел дека неговата драга плаче, ги замолил музичарите да свират нешто повесело.
Инаку, Ана и Швајнштајгер на венчавката повикале околу 150 гости и добиле на подарок околу 300.000 евра, додека за свадбата издвоиле околу милион евра.