Adidas by Stella McCartney ја претстави Карли Клос како заштитно лице на својата кампања за есен/зима 2016. Карли Клос ги помести границите во кариерата на моделите и спортистките со тоа што ги покажа своите атлетски способности. Клос поседува импресивна листа на таленти кои вклучуваат спорт, кодирање и филантропија со што ја охрабрува женската популација да се стреми кон повеќе. 23-годишната манекенка е вдахнува спортски дух во новата колекција презентирајќи ги парчињата облека кои наскоро ќе се најдат во продажба и на сајтот на спортскиот бренд и дизајнерската куќа. Спојот на иновативната технологија и модерниот стил, Adidas by Stella McCartney ги поместува границите во создавањето на спортската облека, охрабрувајќи ги денешните храбри и самоуверени жени да ги совладаат своите предизвици и да го постигнат максимумот во текот на секој тренинг.