Бикини со ананас принт се дефинитивно најголемиот хит тренд на плажите ова лето, зошто е тоа така веројатно е виновна прекрасната Џесика Алба.. Нејзиниот „униформиран“ летен изглед вклучува бикини и лелелава кошула прекриени со ананас принтови. Овој совршен летен комплет го носи потписот на дизајнерката Tory Burch, додека Алба додаде и шик аксесоар – плетен шешир, големи темни очила за сонце и обетки. Прекрасната актерка уживаше во својот одмор а за тоа сведочат фотографиите од нејзиниот идиличен одмор на Хаваите.