Августовскиот број на германското издание на најпопуларниот светски моден магазин ќе го краси познатата српска тенисерка Ана Иванович. Тенисерската ѕвезда го живее својот сон – на теренот а и надвор од него. Неисполнета желба на оваа амбициозна тенисерка е во својата кариера да освои олимписка медалја, а минатата недела таа се оствари и како сопруга: Убавата Ана во Венеција се венча со капитенот на германската репрезентација Бастијан Швајнштајгер и со тоа тие ја крунисаа својата долгогодишна љубов. На својот инстаграм профил Ана објави фотографија која наскоро ќе може да се види и во печатеното издание на најпрестижниот моден магазин за која беше задолжен фотографот Миша Тејлор. Таа во својот опис изјави дека едноставноста е нејзин омилен епитет за убавина.