Според податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално ниво, за вториот квартал од 2016 година, најгледани ТВ канали на територија на Македонија се националните ТВ канали Сител со просечен дневен досег од 36,38% и Канал 5 со просечен дневен досег од 29,54%. По нив следуваат ТВ АлсатМ со 16,25% и ТВ Телма со 15,67% просечен дневен досег.
Истражувањето го спроведе агенцијата Market Vision.