Категории

ЗДРАВА И ЕФИКАСНА: Диета според крвната група

Врската помеѓу храната и крвната група се темели на антигените. Консумирање на храна со лектини кои се некомпатибилни со антигенот на крвната група доведува до различни реакции во организмот и аглутинација. Затоа треба да се избегнуваат намирници кои имаат  некомпатибилни лектини со антигенот на крвната група.

Соодветниот план за прехрана за секоја крвна група овозможува: превенција на низа болести (карцином, кардиоваскуларни болести, дијабетес), намален процес на стареење, налување на телесната тежина ( го чисти организмот од токсичните материи и масти).

Во прехраната по крвни гупи, намирниците се поделени во 16 различни категории: месо и живина, морски плодови, млеко и јајца, масла и масти, јаткасти  плодови и семки, грав и мешункасти плодови, житарици,леб и пекарски производи, тестенини, овошје,зеленчук, билни чаеви, зачини и мешани напитоци. За секоја крвна група, намирниците се поделени како препорачани, неутрални или оние кои треба да се избегнуваат. Потоа се формираат листи на намирници за одредена намена (од намалување на вишокот килограми, до третман при болести).

О крвна група (ловци-собирачи):   прехраната би требало да се состои од намирници од животинско потекло и зеленчук. Намирниците на кои треба да се даде внимание се говедско, јагнешко, мисиркино, пилешко месо и риба. Исто така се дозволени сите видови на зеленчук и овошје, мешункасти плодови и зелјести плодови. Овие личности треба да избегнуваат млеко и млечни производи, леб и тесттенини од пченица, пченка.

А крвна група (фармери):  личностите кои припаѓаат на оваа крвна група треба да конзумираат големи количини на намирници од билно потекло: зеленчук, леќа, соја, грав, житарици, зрнесто овошје, сливи, а дозволено е и повремена конзумација на живина и ферментирани млечни производи. Од прехраната би требало да ги елиминираат сите месни производи, полномасни млечни производи, пиперка, домат, тропско овошје

Б крвна група (патувачи):  за оваа крвна група е дозволена најголема прехрамбена различност. Можат да конзумираат живина, риби, јагнешко и говедско месо, млечни производи, зеленчук, житарици, а во потполност треба да избегнуваат школки, шунка, сланина и пилешко месо. Треба да се ограничи внесот на говедско месо, пченица, ‘рж, домати и пченка.

АБ крвна група:  можат да јадат јагнешко, мисиркино месо, млечни производи, јајца, ориз, тофу, сирење, вишњи, а би требало да избегнуваат димено месо и да ограничат конзумација на говедско месо, пченица, пченка, тропско овошје.

Општо гледано, храната која се дефинира како препорачана за сите 4 крвни групи е свежа и различна храна. Меѓутоа, прехраната која ги исклучува одредени типови на намирници носи со себе недостатоци и ризици. Крвна група 0, на пример, е изложена на зголемен внес на месо и ризик од појава на кардиоваскуларни заболувања поради внесотѕ на голема количина на холестерол и заситени масни киселини во прехраната.

Долгорочната примена на оваа диета, може да резултира со намалување на хранливите материи потребни за добра здравствена состојба. Намалување на  млечните производи, на пример, ќе доведе до намалување на нивото на калциум, што може да доведе до ризик од појава на остеопороза. Избегнување на месо може да резултира со низок внес на железо, што може да доведе до анемија. Речиси сигурно, но тоа е затоа што секој тип на крвна група елиминира специфични групи на храна како што се лебот и житарките, млечни производи и месо или риба. Д-р D’Адамо не дава индикација за тоа колку тежина ќе ја изгуби, а тоа ќе зависи од тоа колку ќе  го ограничите внесот на одреден тип на храна.

Прегледи:
740
Објавено на:
22.07.2016