Категории

Хороскопот открива: Кои се вашите најлоши особини?

Секој хороскопски знак го красат добри карактеристики, но мора да бидеме реални и да признаеме дека во нас се кријат и лоши особини. Тоа многу често знае да биде причината зошто не можеме да најдеме заеднички јазик со некои луѓе или не сме секогаш сфатени од околината.

Овен

Родените во овој знак знаат да бидат непристојни и да користат лош и навредлив речник кога ќе се почувствуваат испровоцирани во одредени ситуации. Тие многу често знаат да влезат во улога на „адвокати на ѓаволот“. Не ретко ги користат своите предности на лош начин и многу често се соочуваат со внатрешен конфликт.

Бик

Биковите имаат тенденција да одрекуваат дека имаат одредена одговорност во тешки ситуации или проблеми. Тие речиси никогаш не сакаат да се справуваат со нештата и ги игнорираат своите грешки. Биковите многу често избегнуваат конфликти, што им предизвикува анксиозност и создава проблеми на подолг пат, затоа што најчесто го избираат полесниот начин за излез од одредени кризи.

Близнаци

Родените во овој знак многу често не се сосредоточени и нема да се поправат доколку направат некаква грешка. Тие никогаш нема да се извинат и го повишуваат својот глас ако некој им даде замерка дека не прифаќаат критика.

Рак

Најлошата карактеристика на Раковите е што знаат многу често да си го „пикнат носот“ во работи кои не треба да ги интересираат или кои воопшто не ги засегаат нив. Тие може премногу да ве осудуваат, да имаат предрасуди и да бидат заштитнички настроени кон себе. Со потребата да се заштитат самите, сметаат дека се подобри или посвети од вас.

1 2 3

Прегледи:
1141
Објавено на:
22.07.2016