Постојат одредени нешта кои мажите едноставно не ги разбираат за жените, така како што и жените не разбираат одредени работи за нив.
- Жените носат штикли во текот на денот, а потоа се жалат дека ги болат нивните стопала.
- Си кажуваат фини зборови и „те сакам“ со своите најдобри другарки.
- Носат огромни ташни со милион работи во нив.
- Првото нешто што тие го прават кога ќе отидат дома е фрлањето на прслукот.
- Си прават фотографии од нивниот аутфит и го праќаат до своите другарки.
- Стојат 15 минути пред својот шкаф, тврдејќи дека немаат што да облечат.
- Нивниот роденден не трае 1 ден, туку цела недела.
- Се нервираат ако нивниот дечко не ги лајкне нивните фотографии.
- Прават ненормални планови за диети во кои сакаат да изгубат 10 килограми, а потоа ќе ги видите во најблиската пицерија/сендвичара.