Категории

Слушнал звук и открил дека непозната жена живее на неговиот таван

Кога во поткровјето од својата куќа ќе откриете штетници, верверички или термити, тоа не е необична појава, но еден човек останал шокиран кога открил жена во неговото поткровје.

Дејвис Валман бил шокиран кога слушнал бука која доаѓала од горните катови во неговата куќа во Вашингтон. Пробал да влезе во неговата канцеларија, но вратата била заклучена. Кога тропнал неколку пати, некоја жена од внатре го прашала “Џими, дали си тоа ти?”.

Потоа, бучавата се префрлила на таванот, па повторно во неговата канцеларија. Тогаш жената ја отворила вратата, а Валман се соочил со сосема непозната личност која рекла дека е сопственичка на куќата.

“Ова е моја куќа, јас живеам тука. Овде сум веќе три дена. Џими рече дека можам да живеам овде”, биле нејзините зборови кои ги раскажа Дејвис.

Тој во меѓувреме викнал полиција, но додека тие да пристигнат жената избегала.

“Ги сакам полицајците и ја поддржувам нивната работа, но кога ги повикав и им кажав дека има некој во мојата куќа и дека итно ми треба помош (пред да откријам дека станува збор за жена), ним им требаше 20 минути додека да стигнат. Тоа е разочарувачки”, вели Валман.

Портпаролот на полицијата во Сиетл ги негираше неговите обвинувања, велејќи дека полицијата пристигнала за шест минути, но дека осомничената повеќе не била во куќата.

Таа нејверојатно избегала низ прозорецот во купатилото под кое имало пожарникарски скалила. Ништо од куќата не било украдено, а Валман ги променил бравите бидејќи било утврдено дека таа навистина живеела во куќата три дена без негово знаење.

 

Прегледи:
511
Ознаки:
Објавено на:
23.07.2016