Новата колекција посветена на младата популација ни доаѓа од популарниот high street бренд Bershka, во која дефинитивно ќе се вљубат сите девојки и момци кои го сакаат урбаното, лежерното и тренди облекување. Колекцијата изобилува со плисирани здолништа, сјајни маички, oldschool тренерки, јакни и комбилизони во милитари стил.. Едиторијалот е насловен како “London Calling”.. Колекцијата дефинитивно ќе биде наш огромен хит затоа што сите сме љубители на лежерниот кул стил со „квартовски” вибрации..