Списанието Travel + Leisure го прогласи Палаван за најубав остров на светот за 2016 година. Прекрасниот остров на Филипините застана на првото место на листата, победувајќи ги останатите рајски острови на нашата планета.
Чиста тиркизна вода, бели песочни плажи, бујни шуми, високи планински предели… Палаван е уште еден доказ дека мајката природа нè дарувала со фасцинантни места на кои можеме да им се одушевуваме, да се релаксираме и да уживаме.
Читателите на Travel + Leisure го опишуваат Палаван како „дестинација за која сонува секој љубител на плажа“.
На овој филипински остров се снимани бројни филмови, меѓу кои и „Bourne Legacy“ и познатиот филмски проект на Леонардо Дикаприо „The Beach“.
И во 2013 година Палаван беше на врвот на листата со најубави острови на познатото списание.