Категории

Руски милионер се оженил со 37 години помлада манекенка која ја завел додека била дете

Еден од најпознатите руски нафтени магнати, 55 – годишниот Валентин Иванов, се оженил со манекенката со која ја започнал врската кога таа имала само 14 години.

Поранешниот прв човек на Лукоил се венчал со 18 – годишната Јелизавета Адаменко во гламурозен дворец во Франција, четири години откако ја започнале својата врска.

Венчавката се одржала во дворецот Сен Жен на Азурниот брег, а иако пријателка на младата манекенка објавила некои фотографии од свадбата на Инстаграм, набрзо ги избришала. Венчавката наводно се одржала пред шест недели.

I’m everywhere?

A photo posted by LizaAdamenko (@lizaadamenko) on

Младата манекенка на својот профил на Инстаграм редовно се фали со својот раскошен начин на живот, во кој има место и за возење Бентли и Ферари, како и за сончање на јахти. Иако во Русија и Сингапур, каде што парот живее, границата за сексуална согласност е 16 години, властите не ја истражувале нивната врска.

Away✋?

A photo posted by LizaAdamenko (@lizaadamenko) on

Јелизавета на социјалните мрежи им се лути на оние кои ја доведуваат во прашање нејзината љубов кон (прилично) постариот богаташ.

???

A photo posted by LizaAdamenko (@lizaadamenko) on

„Луѓето би требало да бидат позрели и попаметни. Ако мислите дека сите манекенки се глупави, треба да се запрашате за себеси. Зошто личноста која е во врска со постар маж автоматски е спонзоруша, а тој спонзор?“, се само некои од коментарите кои ги напишала младата манекенка.

?

A photo posted by LizaAdamenko (@lizaadamenko) on

Да, љубовта нема граници, но кога станува збор за патот од педофилија до брак, тогаш тоа е сосема поинаква тема.

Relax zone☃

A photo posted by LizaAdamenko (@lizaadamenko) on

Hey pretty woman,where do u hide your knife??

A photo posted by LizaAdamenko (@lizaadamenko) on

Hey Kim???

A photo posted by LizaAdamenko (@lizaadamenko) on

Прегледи:
423
Објавено на:
28.07.2016